Двата битолски суперлигаши, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, со меѓусебен пријателски натпревар го одбележаа стартот на новата натпреварувачка сезона во Битола.
Славеше „поголемиот брат“ со 39-17, a пријателскиот двобој привлече голем број публика на трибините во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Ова беше последен тест за избраниците на Лино Червар пред стартот на официјалните натпревари од Регионалната лига.
На 23 август во Битола гостува екипата на Партизан, на 26 август се игра средбата со Динамо Панчево, а Ловќен ќе биде гостин во Битола на 31 август.
Младите битолчани предводени од Бранко Ангеловски ќе ги имаат последните претсезонски проверки на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп.

























