Мајиќ броеше до 13, Бутел со пресврт во вториот дел до висок триумф над Тиквеш

Тимот на Бутел Скопје славеше со 32-24 над Тиквеш од Кавадарци и практично го потврди местото во плеј-офот иако до крајот има да одигра уште пет средби. Домашните иако одиграа лошо во првиот дел, сепак нагазија во второто полувреме и гостинот немаше никакви шанси за позитивен резултат.

До средината на првиот дел се играше гол за гол, 7-7, пред гостинските ракометари да ги казнат грешките на бутелци и да се одлепат на водство од три гола разлика, 7-10. Беше и 10-14 за кавадаречкиот тим, па 12-16, но Мајиќ со гол по истекот на времето од пенал намали на 13-16.

Медиќ му донесе на Тиквеш 13-17, но тогаш почна падот на гостите од Кавадарци. Нападите почнаа да им стануваат безидејни, некои завршуваа како плен на домашниот голман Блажески.

Бутел Скопје израмни на 17-17 со серија од четири голови, а по 19-20 за Тиквеш, уште една домашна серија од четири погодоци за 23-20 и веќе беше јасно дека бодовите остануваат дома.

До крајот, домашните одиграа рутински и само ја одржаа разликата, односно ја зголемија со лесни погодоци од контранапади за конечни плус осум, 32-24. Кавадарчани и покрај поразот ги задржуваат шансите за место во плеј-оф, но ќе чекаат кикс и на конкурентите.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мирко Мајиќ со 13 погодоци, додека Јовица Младеновски даде пет, а кај Тиквеш се истакнаа Јане Јанчев со десет и Орданчо Лазов со четири.

13 декември 2020
32 - 24
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
13 декември 2020 19:02 СУПЕРЛИГА Б 2020/2021 13.12.2020 60'

Место

УС „Антон Димитров“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
БУТЕЛ1332Победа
ТИКВЕШ 20141624Пораз

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
6Јовица Младеновскилев бек05
7Томче Стојановскилев бек20
9Марко Божиновскилево крило00
10Марко Митевцентрален бек00
14Бојан Спасовскипивот00
15Златко Мојсоскидесно крило04
17Бојан Спасовскидесен бек00
18Христијан Милошевскилев бек02
20Даниел Ацевголман00
22Стефан Стојчевиќпивот01
23Горан Печенковскицентрален бек03
24Златко Даскалоскиголман00
30Бојан Блажевскиголман00
34Кристијан Василевскипивот31
64Мирко Мајиќлево крило013
87Серги Сулимадесен бек03
 Вкупно 532

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Александар Мицевголман00
3Душан Медиќцентрален бек12
4Борис Ристовскицентрален бек00
9Орданчо Лазовлево крило14
10Тоше Димитриевпивот00
12Марјан Велковголман00
14Костадин Петровпивот00
15Вања Смиљаниќдесен бек12
16Васо Димитровголман00
17Пеце Ѓорѓиоскипивот21
18Страхиња Симиќцентрален бек00
19Дејан Гошевскидесен бек01
26Ристо Окардовпивот00
33Димитар Коцевлево крило03
33Стефан Колоскилев бек01
77Јане Јанчевцентрален бек010
 Вкупно 524

Officials

Судии:Делегат:
МЕТАЛАРИ ИСМАИЛ
НИКОЛОВСКИ НЕНАД
КАМИШЕВСКИ ДУШКО
ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119