Четири женски селекции се спакуваа, го напуштаат Токио

Со комплетирањето на натпреварите од групната фаза и кај дамите уште четири селекции си заминуваат од Јапонија, а во следните два дена ќе се случува истото бидејќи и во двата дена ќе отпаѓаат уште по четири од репрезентациите.

Како деветтопласирана селекција Токио го напушта селекцијата на Шпанија, додека 10. место го имаше составот на Ангола.

Бразил и Јапонија ги имаат последните две места со оглед на тоа што тие беа и последнопласирани во своите групи така што според бројот на освоени бодови дојде и до рангирањето.

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН: 9. Шпанија; 10. Ангола; 11. Бразил; 12. Јапонија.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ (ЖЕНИ)

РЕЗУЛТАТИ ОД 5.КОЛО

ГРУПА А

ЈУЖНА КОРЕЈА – АНГОЛА           31:31 (16:17)ИЗВЕШТАЈ

ХОЛАНДИЈА – ЦРНА ГОРА         30:29 (17:12)ИЗВЕШТАЈ

НОРВЕШКА – ЈАПОНИЈА             37:25 (16:11)ИЗВЕШТАЈ

ГРУПА Б

ФРАНЦИЈА – БРАЗИЛ   29:22 (17:11)ИЗВЕШТАЈ

ШПАНИЈА – РУСИЈА      31:34 (17:18)ИЗВЕШТАЈ

УНГАРИЈА – ШВЕДСКА 26:23 (15:15)ИЗВЕШТАЈ