Русинките влегоа во победнички ритам, ја преслушаа и Шпанија

После лошиот старт на Олимписките игри со реми и пораз селекцијата на Русија веќе врза и трета победа откако денеска дојде до триумф и против составот на Шпанија од 34:31.

Оваа победа за Русија значеше и потврда на 2. позиција во групата А така што само беше дадена потврда за местото од кое се влегува во елиминациите.

Русинките беа во постојана предност и доколку не се опуштаа во завршницата на првото полувреме тогаш можеше да стигнат до многу повисок триумф. Во првиот дел највисоката позитива беше шест гола кога Русија имаше 16:10, но во финишот дојде до опуштање, па на одмор се замина со само гол предност од 18:17.

Вторите 30 минути не беа премногу различни бидејќи Русија постојано беше во водство и имаше водство од 4-5 гола. Ова водство беше гаранција дека победата нема да биде загрозена. Шпанките успеаја на почетокот да постигнат два гола за 19:18, а откако Русија постигна четири гола во серија ја презеде контрола и до крајот немаше проблеми да го зачува ова водство за конечни 34:31 и запечатување на 2. позиција во Групата Б.

Вјахирева со седум гола ги предводеше стрелците, а со пет ја следеше Дмитриева. Во Шпанија најефикасена беше Марта Лопез Хереро со седум гола, додека шест имаше Нереа Пена.