Чаир преку Феникс обезбеди Ф4 во Купот

Ракометарките на Чаир изборија место на завршницата од Купот на Македонија откако во финалето од групата Б беа за нијанса подобри од Феникс со 39:33.

Екипата на Феникс на овој натпревар настапи со само осум ракометарки. Сепак, и покрај кратката клупа, избраничките на Николче Костовски дадоа силен отпор во првото полувреме, посебно во воведниот дел од натпреварот кога на двапати беа во водство од 2:0 и 3:2.

Гостинките од Чаир никако не можеа да го скршат одморот на домаќинот, кој беше драстично ослабен со отсуството на најдобриот стрелец од екипата, Емилијана Ризоска. Чаир во завршниот дел од првото полувреме водеше со четири гола разлика, 18:14, но ракометарките на Феникс со серија од 3:0 намалија на минус еден негатива, 18:17.

До крајот на првото полувреме двете екипи постигнаа по еден погодок, па така големата борба во првите 30 минути заврши со минимално водство за Чаир од 19:18.

Разликата во квалитет меѓу двете екипи беше видлива во второто полувреме. Чаир започна да се одлепува на три до четири гола предност и во 40. минута имаше водство од 27:22. Феникс во последните петнаесетина минути се обидуваше да се врати во игра, намали на минус два, 32:30, но до самиот крај немаше доволно сили за надигрување.

Најефикасна на натпреварот беше ракометарката од редовите на Феникс, Ана Марија Талева со 15 погодоци. Кај Чаир прв стрелец беше репрезентативката на Македонија, Теодора Дукоска со десет погодоци, додека како втор стрелец се истакна Ана Марија Божиновска со осум гола.

Куп на Македонија, четвртфинални групи:

Група А
Вардар – Стружанка 32:20
Ѓорче Петров – Кузман Вардар 42:19
Вардар – Ѓорче Петров 24:27

Група Б
Феникс – Спартак 29:27
Овче Поле СУ – Чаир 35:41
Феникс– Чаир 33:39

Група В
Металург – Астибо 43:19
Шампион – Гевгелија 23:21
Металург – Шампион 31:17

Група Г
Пелистер – Куманово 15:42 
Деспина слоб.
Куманово – Деспина 28:19