Шампион ја надигра Гевгелија – против Металург ќе се бори за Ф4 во Купот

Ракометарките на Шампион ќе играат во финалето во Групата В од Купот на Македонија откако во единственото полуфинале од оваа група беа подобри од Гевгелија со 23:21. Шампион за пласман на завршницата од Купот ќе се бори против Металург. Натпреварот меѓу Шампион и Металург ќе се одигра денес, со почеток од 19:00 часот во Автокоманда.

Во поголемиот дел од првото полувреме, гостинската екипа од Гевгелија беше во минимално водство од еден гол разлика, но домаќинките, кои во првите 30 минути беа предводени од Димитриевска, Неделковска и Филипова, од 20. минута, па сѐ до крајот на првото полувреме, целосно ја надиграа екипата на Гевгелија.

По нерешениот резултат од 8:8, ракометарките на Слободан Чивлачки со серија од 4:0 се одлепија на плус четири гола разлика, 12:8. Гевгелија во последните секунди од првото полувреме со голот на Митрова успеа да намали на 12:9. Со овој резултат сѐ заврши големата борба во првото полувреме.

По неколку минути игра во второто полувреме, Шампион повторно дојде на плус четири позитива, 14:10. Во таборот на Гевгелија немаше многу расположени ракометарки за игра, па така погодоците најчесто ги реализираа Митрова и Димова. Шампион ја подобри својата игра во напад и одбрана и започна сериозно да гради висока позитива.

Домаќинот со одличната игра дојде до највисоки седум гола разлика, 20:13. Гевгелија се обиде да се врати во игра, но не успеа во целост да направи камбек бидејќи немаше доволно време.

Победничката екипа беше предводена од Мила Филипова, која постигна седум погодоци. Кај Гевгелија, Драгица Митрова и Елена Димова беа први стрелци со осум постигнати погодоци.

Куп на Македонија, четвртфинални групи:

Група А
20/03, 12:00 часот, Вардар – Стружанка (Христо Батанџиев)
20/03, 10:00 часот, Ѓорче Петров – Кузман Вардар (Христо Батанџиев)
20/03, 19:00 часот, Вардар/Стружанка – Ѓорче Петров/Кузман (Христо Батанџиев)

Група Б
Феникс – Спартак 29:27
20/03, 19:00 часот, Овче Поле СУ – Чаир (Цар Самоил)
??? Феникс– Овче Поле СУ/Чаир

Група В
Металург – Астибо 43-19
Шампион – Гевгелија 23:21
19/03, 19:00 часот, Металург – Шампион (Автокоманда)

Група Г
19/03, 16:00 часот, Пелистер – Куманово (Перо Наков)
Деспина слоб.
20/03, 16:00 часот, Пелистер/Куманово – Деспина (Перо Наков)