Куманово го наполни голот на Пелистер и се доближи чекор поблиску до Ф4 во Купот

Ракометарките на Куманово имаа сигурно издание во полуфиналниот натпревар од групата Г во Купот на Македонија и убедливо ја совладаа екипата на Пелистер со 42:15 зо што обезбедија пласман во финалето.

Кумановки имаа целосна контрола и доминаија на натпреварот, уште од почетокот најавија убедлив триумф. Куманово поведе со 3:1, а потоа и со 8:2 и сигурно во продолжение ја чуваше прдноста. На полувреме веќе беше се решено кога Куманово водеше 21:8.

Во продолжение ракометарките на Пелистер немаа одговор на играта на фаворитот. До крај на дуелот битолскиот тим имаше големи проблеми со реализациjaта и загуби со огромни 27 гола разлика. Во дуелот за пласман на фајнал-форот во Купот, Куманово за противник ќе ја има екипата на Деспина.

Во екипата на Куманово скорот сите ракометарки успеаја да се запишат во листата на стелци, а најефикасни беа Амела Џакмиќ со девет и Јована Кипријановска со седум гола. Во тимот на Пелистер четири гола постигна Кристина Наумовска.

Натпреварот кој ќе го даде патникот на Ф4 од групата Г ќе биде познат во недела после дуелот кој се игра во салата Перо Наков во Куманово со почеток од 16:00 часот.