Феникс во неизвесен натпревар до победа против Спартак

Во рамките од купот од групата Б Феникс запиша победа против ЖРК Спартак од 29:27. Натпреварот беше отворен со по еден гол на двете страни. За Феникс погоди Ана Марија Талева, додека на спротивната страна возврати Ема Божиновска.

Изедначена игра гледавме се до финишот на првото полувреме кога гостите направија серија од 3:0 со головите на Ангела Гроздановска. Меѓутоа во финишот од полувремето следуваше серија и на домаќините, па редноста на Спартак на полувреме изнесуваше само еден гол 11:12.

Стартот од вториот дел донесе серија за домаќините од 5:0 кои ги имаа највисоките плус три на натпреварот 16:13. Таа предност од три гола ја одржуваа до 20-тина минути до крајот, а во завршницата од натпреварот повторно гледавме неизвесен натпревар со еден до два гола разлика.

Победникот се решаваше во последните моменти. Двете екипи во последната минута влегоа со нерешен резултат 27:27. Таа последна минута се покажа како клучна Ана Марија Талева донесе предност за Феникс, додека на спротивната страна Ангела Гроздановска не реализираше седмерец. Победата ја потврди Емилија Ризоска.

Најефикасна на натпреварот беше Ана Марија Талева од Феникс со 11 гола, а Ангела Гроздановска од Спартак натпреварот го заврши со девет гола.

Куп на Македонија, четвртфинални групи:

Група А
20/03, 12:00 часот, Вардар – Стружанка (Христо Батанџиев)
20/03, 10:00 часот, Ѓорче Петров – Кузман Вардар (Христо Батанџиев)
20/03, 19:00 часот, Вардар/Стружанка – Ѓорче Петров/Кузман (Христо Батанџиев)

Група Б
часот, Феникс – Спартак 29:27
20/03, 19:00 часот, Овче Поле СУ – Чаир (Цар Самоил)
??? Феникс – Овче Поле СУ/Чаир

Група В
Металург – Астибо 43-19
Шампион – Гевгелија 23:21
19/03, 19:00 часот, Металург – Шампион (Автокоманда)

Група Г
19/03, 16:00 часот, Пелистер – Куманово (Перо Наков)
Деспина слоб.
20/03, 16:00 часот, Пелистер/Куманово – Деспина (Перо Наков)