Металург е првиот патник на Ф4, одигра рутински против Шампион

Екипата на Металург прва обезбеди билет меѓу најдобрите четири екипи во Купот на Македонија откако во финалето од Групата В беше убедлива против Шампион со 31:17.

Ракометарките на Јулијана Дамчевска имаа одлично отворање на натпреварот и за осум минути игра постигнаа пет погодоци во мрежата на противникот. Шампион првиот погодок го постигна по десет минути игра преку Петровска и до крајот на првото полувреме заостануваше на голема резултатска негатива.

Металург имаше лесна задача во останатите дваесетина минути од првото полувреме и со лесни погодоци ја градеше својата предност, која на пауза изнесуваше девет гола разлика, 15:6.

Второто полувреме, кое повеќе наликуваше на лесен тренинг за домаќинките на овој натпревар, не донесе ништо ново во однос на првиот дел. Шампион до крајот на натпреварот едноставно немаше сили да ја подобри својата игра, ниту квалитет да заигра поангажирано. Составот на Металург во 45. минута дојде до највисокото водство од 13 гола разлика, 26:13.

Како што одминуваше времето, така предноста на Металург се зголемуваше, а конечниот исход од средбата беше плус 14 гола разлика за Металург, 31:17.

Куп на Македонија, четвртфинални групи:

Група А
20/03, 12:00 часот, Вардар – Стружанка (Христо Батанџиев)
20/03, 10:00 часот, Ѓорче Петров – Кузман Вардар (Христо Батанџиев)
20/03, 19:00 часот, Вардар/Стружанка – Ѓорче Петров/Кузман (Христо Батанџиев)

Група Б
Феникс – Спартак 29:27
20/03, 19:00 часот, Овче Поле СУ – Чаир (Цар Самоил)
??? Феникс– Овче Поле СУ/Чаир

Група В
Металург – Астибо 43-19
Шампион – Гевгелија 23:21
Металург – Шампион 31:17

Група Г
Пелистер – Куманово 
Деспина слоб.
20/03, 16:00 часот, Куманово – Деспина (Перо Наков)