Хорват: За Кудуз немаше место во репрезентација поради силната конкуренција

Пред извесен период, екс ракометарот на Вардар, Анте Кудуз, реши во иднина да настапува за романската репрезентација откако не доби вистинска шанса да го покаже својот потенцијал во дресот на „коцкестите“.

Актуелниот селектор на Хрватска, Хрвоје Хорват, во изјава за хрватскиот Спорт Клуб ја коментираше одлуката на Кудуз и истакна дека конкуренцијата на позицијата лев бек е преголема, а голема предност тука имаат играчите кои играат во два правци.

,,Анте беше неколку пати на нашите собири, но игра на позиција каде што едноставно има преголема конкуренција – од Мамиќ и Шарац, Лучин, па сѐ до Јагањац, кој е сѐ подобар и подобар. Мислам дека му претстои голема меѓународна кариера. Кудуз во последно време игра одлично, особено во Романија, но во репрезентацијата секогаш ја бараме играта во двата правци и останатите ракометари едноставно во одбранбената фаза беа во мала предност пред него” изјави Хорват за Спорт Клуб.

Левиот бек на Динамо Букурешт учествуваше во квалификациските натпревари за Европското првенство во 2020, беше на поширокиот список за учество на континенталниот собир во споменатата година, но, никогаш не настапи на големите натпреварувања.

„Хрватскиот Хансен“ потврди: Ќе играм за Романија!