ХАОС во Словенија: Хулигани со димна бомба прекинаа европски натпревар! (ВИДЕО)

Ракометарите на Горење Велење се пласираа во четвртфиналето на Европскиот Куп, откако по триумфот во Кипар, славеа против Анортозис и на домашен терен со 27-21.

Mечот не го одбележаа играта или ракометарите, туку гостинските навивачи. Во Велење беа присутни повеќе од 150 кипарски хулигани, а беше дозволен влез само на 50 од нив.

Натпреварот беше прекинат по осум минути игра, кога оние гостинските навивачи на кои не им беше дозволен влез насилно влегоа и фрлија димна бомба во „Рдеча Дворана“.

Полицијата мораше да реагира со солвазец за да ја расчисти гужвата која се создаде во салата. Мечот беше во прекин подолго време додека да има услови за игра, за на крајот словенечкиот тим со втор триумф да се пласира во ТОП 8 во Европа.