🎥 ХАОС на хуманитарен натпревар – се испотепаа навивачи на двата клуба!

Голем инцидент се случи на пријателскиот натпревар меѓу босанскиот тим Бјелина и Црвена Ѕвезда, а случувањата на паркетот паднаа во втор план по тепачката меѓу навивачките групи на трибините. Српскиот тим славеше со 30-20, но по тепачката меѓу навивачите, две лица беа пренесени во Ургентниот Центар во Бјелина, каде им се констатирани повреди. Повреден е и еден од ракометарите, а босанската полиција се уште не се огласи за овој инцидент. Натпреварот беше од хуманитарен карактер и организиран од навивачките групи. Погледнете....