Инцидент во Данска: Хулигани нападнале тројца ракометари на Колдинг!

Данската телевизија ТВ2 објави за еден настан што се случил пред две недели, но се држел во тајност.

Тројца играчи на данската екипа Колдинг биле нападнати од хулигани доцна во ноќта, а еден од нив поминал лошо и морал да биде шиен со двоцифрен број на конци, пишува ТВ2.

Од Колдинг го потврдија инцидентот, но не изнесуваат премногу детали. Велат дека играчите ќе бидат физички добро, но сепак оваа ситуација влијаеше и на остатокот од клубот.

Четворица мажи на возраст од 20 и 30 години од Колдинг се обвинети за нападот и ќе им се суди. Според законот во Данска, четворица се обвинети спред член, кој се однесува на насилство од „особено сурова, брутална или опасна природа“, и каде казната е до шест години затвор.

Колдинг ја отвора новата сезона на 23 август со домашен натпревар против Бјерингбро-Силкеборг во Купот на Данска.