Романски хулигани со навреди и погрдни скандирања за Кристина Неагу!

Тимот на ЧСМ Букурешт во меч од осминафиналето го совлада голеиот градски ривал Рапид Букурешт со 31-24 и се пласираше во следната рунда од Купот на Романија.

Но овој натпревар не го одбележа квалитетот, погодоците, одбраните…туку навредите и погрдните скандирања на навивачите на Рапид кон една од најдобрите светски ракометарки, Кристина Неагу.

На секој нејзин погодок и извикување на нејзиното име од страна на спикерот во салата, навивачите на Рапид почнуваа со навредите на нејзина адреса. Романската јавност ја осуди ваквата постапка на навивачите и истакна дека на таквите не им е место во спортските арени.

Неагу е поддржувач на фудбалскиот клуб Стеауа Букурешт, често оди на нивните натпревари, па веројатно оттука доаѓа антагонизмот на навивачите на Рапид.

„Не е болно за мене и ништо не ми значи. Тоа зборува доволно за нивниот карактер и едукација. Немам друг коментар. Не ми е гајле што мислат. Ако мислат дека е убаво да дојдат во полна сала ккаде што има многу деца и да извикуваат такви навреди…Уште еднаш, тоа зборува доволно за нивниот карактер и едукација“, изјави Неагу за романскиот ГСП.

Таа постигна шест погодоци во мрежата на Рапид и му помогна на ЧСМ Букурешт да се пласира во четвртфиналето на Купот на Романија.