ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Француски Американец ќе го менува Талески, Хмирова доби вардарово друштво

  • Шпанскиот клуб Салуд Тенерифе каде ќе игра екс вардарката Татјана Хмирова, донесе засилувања од Бразил – пикерот Тамиреш Анселмо и левото крило Дајана Пирес да Роча, која во Вардар играше во сезоната 2013/2014.
  • Откако продолжи договор со тројца ракометари и го донесе Валентин Јонеа, романскиот шампион Динамо Букурешт го врати и пикерот од Татабања, Андраш Шаш, кој потпиша на две сезони.
  • Словенечката интернационалка Лина Крхликар, го продолжи договорот со бундеслигашот Гепинген и за следната сезона. Таа во овој тим игра од 2015 година.
  • Грчкиот шампион АЕК Атина го продолжи договорот со шпанскиот интернационалец Игнасио Хименез Плаза на уште две години до летото 2022.
  • Левото крило на Политехника Темишвар, Филип Марјановиќ по четири години заминува од оваа екипа. Српскиот ракометар потпиша договор на две сезони со тимот на Фочани.
  • Левиот бек на Нант, Џејмс Џуниор Скот – Американец со француски пасош, кој беше на позајмица во шпанската Ла Риоха последните две години, ќе биде замена за Филип Талески во Балинген, со кој потпиша договор на две сеозни.