„Сакам да верувам дека Мукаетов има визија и за женскиот ракомет“

За капитенот на женскиот национален тим Елена Ѓоргиевска главна мисија во моментов е селекцијата со улогата на домаќини на ЕП 2022 да го сврти вниманието кон женскиот ракомет, кој „тапка во место“ во последната деценија. Таа верува дека првиот човек на Федерацијата, Живко Мукаетов исто така има визија и за женскиот ракомет.

„Не можам да си објаснам што се случи или да посочам виновник, што женскиот ракомет од времето кога јас бев млад и надежен талент до денеска падна на ова ниво. Како одеднаш се да падна во бунар, десет клуба, цела лига да ја снема… Нивото на женскиот ракомет кај нас е многу ниско и затоа со националниот тим се обидуваме да дадеме импулс, да го насочиме интересот кон нас. Воодушевена сум какви таленти имаме, какви девојчиња гладни за ракомет, а се мачат во клубови во кои немаат услови и нема кој да работи со нив. Доколку не се промени нешто во нашиот ракомет тие ќе стагнираат и единствена шанса ќе им биде да излезат во Европа. Искрено сакам да верувам дека Живко Мукаетов ќе има визија за женскиот ракомет како што има за машкиот. Тој многупати покажал колку го сака ракометот и мислам како што го формираа РК Алкалоид и собраа таленти кај мажите дека таква инвестиција ќе има и во женскиот ракомет. Девојчињата заслужуваат да добијат таква шанса.“

Во продолжение прочитајте го интервјуто со Елена Ѓоргиевска.

ИНТЕРВЈУ ЕЛЕНА ЃОРГИЕВСКА: ЕП 2022 може да биде круна на мојата репрезентативна кариера