Прволигашот со нов ракометар: Едис Јаховиќ потпиша за Драчево

Откако ги обезбеди потписите на четворица искусни ракометари, тимот на Драчево донесе и еден млад ракометар.

Станува збор за средниот бек Едис Јаховиќ, кој доаѓа од екипата на Јуниор Кисела Вода и има прволигашко искуство.

Претходно Драчево се засили со повратниците Александар Димовски и Бобан Андовски, голманот Борче Ангеловски и пикерот Бобан Ристевски.

Драчево ќе игра во групата А од Првата лига и ќе игра против Борец, Јехона, Аеродром, Риниа, Шампион, Кичево и Преспа.

Драчево со четири засилувања ќе бие битка за Суперлига

Аеродром во друштво на Драчево, Преспа…Вардар Неготино против Металург 2, Скопје, Куманово…