Драчево со четири засилувања ќе бие битка за Суперлига

По долги години Драчево се враќа на македонската ракометна мапа со тим во сениорска конкуренција. Сигурно се сеќавате кога овој тим беше дел од Суперлигата под водство на Игор Котевски, а играа Настески, Трпевски, Андоновски, Тренчевски, Георгиевски…

Сега Драчево започнува од Првата лига под водство на некогашниот ракометар на Вардар, Велимир Настески, а тимот веќе донесе и четири засилувања.

Нов голман на екипата е Борче Ангеловски, по една година пауза на ракометот му се враќа искусниот Бобан Андовски, кој може да игра на сите бековски позиции. Тука е средниот бек Александар Димовски, кој беше дел од Вардар Јуниор, Работнички и Бутел Скопје, а доаѓа и пикерот Бобан Ристевски.

Тимот, кој има голема поддршка од Општина Кисела Вода, своите натпревари ќе ги игра во оваа населба во салата „Круме Кепески“, а ривалите во групите ќе ги дознае на утрешната ждрепка во РФМ.