Погледнете го натпреварот кој ја крена Србија на нозе (ВИДЕО)

Овие денови во центарот на вниманието во регионот е натпреварот помеѓу Темерин и Равангард од Сомбор на кој се постигна 101 гол.

Ракометарките на Темерин во рамки од 20. коло од Првата лига на Војводина против екипата на Равaнград од Сомбор остварија несекојдневна победа, триумфираа со 71 гол разлика, 86:15. Остварениот резултат значи дека победничката екипа постигнувала голови на секои 35,64 секунди.

Причина за сомневање дека се работи за нешто нерегуларно е ситуацијата на табелата. Темерин се бори за шампионска титула со Рума и влез во повисок ранг. Двете екипи имаат ист број на бодови (36). За првата позиција ќе одлучува гол разликата со останатите противници. Двете пресметки меѓу Темерин и Рума завршија нерешено, со ист резултат, 24:24.

Дополнително тука е и потегот на тренерот на екипата од Сомбор кој одлучи да смета на само седум ракометарки иако имал на располагање 18. Во продолжение можете да погледнете како изгледаше натпреварот…

РСС со реакција за натпреварот кој заврши со 71 гол разлика – ќе има кривични пријави!