РСС со реакција за натпреварот кој заврши со 71 гол разлика – ќе има кривични пријави!

Во центарот на вниманието во последните денови се најде натпреварот од 20. коло во Првата лига на Војводина во која ракометарките на Темерин против Равангард од Сомбор славеа со неверојатни 71 гол разлика, 86:15.

Екипата на Сомбор на овој натпревар настапила со само седум ракометарки, иако, имала поголем ростер, 18 ракометарки, сепак, тренерот на Раванград, Зоран Шуша, се одлучил за потег кој ги изненадил сите, па оттука се поставува прашањето дали натпреварот бил наместен.

Темерин инаку се бори за шампионска титула со Рума и влез во повисок ранг. Двете екипи имаат ист број на бодови (36). За првата позиција ќе одлучува гол разликата со останатите противници. Двете пресметки меѓу Темерин и Рума завршија нерешено, со ист резултат, 24:24.

Се очекуваше реакција од Ракометниот сојуз на Србија и таа пристигна денес, а најавени се кривични пријави.

„Со оглед на тоа што ЖРК Темерин и РК Рума се борат за влез во ранг погоре и двете екипи имаат ист број на бодови и ист меѓусебен дуел ќе одлучува гол разликата.

Врз основа на барањето на директорката на Првата лига на Војводина за жени, раководството на РСВ се обрати до РСС и го достави собраниот материјал во врска со сомнежот за нарушување на интегритетот и регуларноста на натпреварувањето, а со тоа и угледот на Ракометниот сојуз на Војводина, но и Српската ракометна федерација.

Врз основа на сето изнесено на состанокот, донесена е одлука за поднесување кривична пријава до надлежниот територијален орган и Обвинителството на Република Србија, кое ќе работи на утврдување на евентуални одговорности и вина“, стои во соопштението.,

Чудо над чудата: На натпревар во Србија паднаа 101 гол!