ПИК Сегед со три гола предност ќе патува на реваншот кај Веспрем и Манасков

Ракометарите на ПИК Сегед обезбедија предност во првиот финален натпревар од плеј-офот на Унгарија откако на домашен терен го совладаа својот најголем ривал Веспрем со 31:28.

После голема борба домашниот тим успеа да стигне до триумф, сепак после првите 30 минути резултатот беше израмнет 14:14, а најчесто беше нерешено и во текот на целото прво полувреме.

Така се играше се до 53. минута кога ПИК Сегед започна да прави предност, поведе со 29:27 и го сочува водството до крај на мечот. Домашниот тим имаше можност и за триумф од четири гола но Веспрем намали во последните моменти од мечот.

Дејан Манасков имаше солидно издание со четири погодоци, а нajефикасни во неговиот тим беа Ненадиќ и Нилсон со по седум погодоци. Во екипата на ПИК Сегед прв стрелец беше Бодо со шест гола, а петпати погоди Радивојевиќ. Реваншот се игра на 5. јуни во салата на Веспрем