Охрид лесно го реши Младост Богданци

Тимот на Охрид обезбеди место во осминафиналето на Купот на Македонија, откако на домашен терен го совлада убедливо составот на Младост Богданци со 41-20.

Победникот беше познат уште по првото полувреме кога домашните ракометари направија огромна залиха, 22-11.

Вториот дел беше шанса за ракометарите на суперлигашот со мала минутажа да добијат шанса за настап и да покажат што знаат.

Најдобри стрелци победничкиот тим беа Тасески со седум, како и Бојаниќ и Костов со по пет, додека кај Младост, четири гола даде Наумовски.

Куп на Македонија, елиминации:

Јехона – Бутел Скопје 30-53
Вардар – Мулти Есенс 43-18
Аеродром – Пролет 33:35
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 40-16
Тиквеш – Кичево 46:20
Алкалоид – Астраион 47-15
Јуниор КВ – Драчево 28-23
Прилеп – Металург РА 36-22
Голден Арт – Овче Поле 47:13
Еурофарм Пелистер – Текстилец 45-19
Радовиш – Преспа 34-21
Младост Богданци – Охрид 20-41
10.дек 18:00 Струга – Македонија ЃП
10.дек 19:00 Еурофарм Пелистер 2 – Шампион
10.дек 19:30 Скопје – Бисинов
11.дек 17:00 Куманово – Голден Арт 2