Вардар пружи голем отпор на гостувањето кај Мелсунген, имаше свои прилики што не ги искористи и на крајот загуби со 33-31 во првото коло од Лигата на шампионите.
Тренерот Иван Чупиќ кратко анализираше после мечот и вели дека атмосферата во „Ротенбах Хале“ му помогнала на Мелсунген да стигне до бодовите.
„Тоа беше добар натпревар од двете екипи. Имавме неколку моменти во кои можевме да израмниме или можеби да поведеме. Атмосферата беше одлична и таа придонесе за заслужената победа на Мелсунген“, изјави Чупиќ.
Следен предизвик за Вардар ќе биде домашниот натпревар против францускиот Нант на 16 септември.
























