СЕНЗАЦИЈА на ЕП: Фарски Острови ја срушија Данска!

Денеска во Португалија стартуваше Европското младинско првенство за ракометари до 20 години, кое ќе се игра до 17 јули.

Првото изненадување го направи репрезентацијата на Фарски Острови, која ја совлада Данска со 33:32 (15:15), во натпревар од групата Б.

Двете репрезентации во текот на целиот натпревар се менуваа во водство, а ракометарите на Фарски Острови во последниот период ја презедоа контролата и успеаја да запишат важни бодови на свое конто.

Ниту 12-те погодоци на новиот член на Алборг, Томас Арнолдсен, не беа доволни за поволен резултат на данската репрезентација.

Средниот бек на Савехоф, Елиас Елефсен ја предводеше листата на стрелци во победничката репрезентација со девет погодоци.

Фарски Острови во групната фаза ќе игра и со репрезентациите на Словенија и Унгарија. Двете првопласирани селекции од секоја група ќе се пласираат во главната фаза, додека останатите селекции ќе продолжат да разигруваат за пласман од 9 до 16 место.