НЕСЕКОЈДНЕВНО: Постигнаа 99 гола на еден натпревар!

Трката по шампионската титула во швајцарскиот шампионат зема замав, откако амбициозниот Криенс Луцерн ја направи интересна финалната серија со Кадетен Шафхаузен.

Тимот предводен од легендарниот плејмејкер Енди Шмид, го доби третиот трилер натпревар со 50-49!

За да биде одреден победникот на овој натпревар, покрај регуларниот дел, се играа и две продолженија од по десет минути, како и десет рунди удари од седум метри.

Со овој триумф, Криенс Луцерн намали на 2-1 во победи, а следниот меч во серијата „до три победи“ се игра на теренот на Кадетен Шафхаузен на 8 јуни.

Шмид постигна 12 гола за тимот од Луцерн, додека Марин Шипиќ стрелаше 11 пати. Во составот на Кадетен се истакна екс вардарецот Жоан Кањелас со 12 постигнати погодоци.