Меѓаши: Не е првпат родители да пријават насилен тренер

„Се жалат на односот на тренерите, па и употреба на речник што може да биде повредлив за децата. Имавме ние и една кампања „И зборовите може да повредат“. Треба да се обрне внимание, бидејќи децата што доаѓаат на тренинзи не се без чувства, и тоа може да го доживеат како „вербално насилство“. Треба општо да се обрне внимание на тој аспект. Многу спортски федерации и клубови имаат декларации за почитување на правата на децата и тие треба да се почитуваат“, вели Черепналкова-Трајкоска психолог, која работи како проeктна координаторка во Меѓаши

Детската амбасада „Меѓаши“ е запознаена со случајот на тренерот по ракомет што за време на турнир во Унгарија наводно удрил дете. „Меѓаши“ како професионална организација која обезбедува директни услуги за децата кои имаат потреба од тоа, нема директни ингеренции за заштита на децата на терените за спорт, но пријавите ги проследува до надлежните институции. М-р Јорданка Черепналкова – Трајкоска, психолог, која работи како проeктна координаторка во Меѓаши вели дека детската амбасада е е призната како експертска организација во полето на проблемите на децата и почитувана како преговарачки партнер со локални и национални институции и влади.

„Случајот е пријавен кај нас. И не е прв таков случај, имало и од други спортови во минатото. Во овој случај родителите биле веќе добро информирани што треба се да направат. Ние сме невладина организација и најчесто даваме совети и препораки, и ги проследуваме добиените пријави до соодветните надлежни институции и со претходна согласност на тој што ни пријавил“, вели м-р Јорданка Черепналкова – Трајкоска, психолог, која работи како проeктна координаторка во Меѓаши

Случајот во МВР го пријавија родителите откако екипата се врати од турнирот, а неколку дена подоцна и клубот поради постоење на сомневање се огласи дека отвораат дисциплинска постапка и времено го суспендираа тренерот зашто го нарушил угледот на клубот.

За да се спречат слични настани од Меѓаши велат дека е потребна соодветна едукација на сите спортските тренери, особено на оние кои работат со деца.  

„Се жалат на односот на тренерите, па и употреба на речник што може да биде повредлив за децата. Имавме ние и една кампања „И зборовите може да повредат“. Треба да се обрне внимание, бидејќи децата што доаѓаат на тренинзи не се без чувства, и тоа може да го доживеат како „вербално насилство“. Треба општо да се обрне внимание на тој аспект. Многу спортски федерации и клубови имаат декларации за почитување на правата на децата и тие треба да се почитуваат“, вели Черепналкова-Трајкоска.

По прием на пријава се постапува според овластувањата што ги имаат Меѓаши, а тоа е проследување до сите институции со кои тие соработуваат, како што се Центарот за социјални работи, Полиција, Народниот правобранител. Но, самото вклучување и ианимирање на „Меѓаши“ укажува на потребата да се интервенира бидејќи се скратени или нарушени правата на децата.

Од Меѓаши споделија и совет за родителите како да постапат во случајот.

„Доколку има повеќе родители на деца со слично непријатно искуство, најдобро е да се организираат заедно и да направат некоја петиција, бидејќи така многу посилно ќе биде влијанието и притисокот што би се направил да се заштитат децата“, велат од организацијата.

Досега нема одлука на Дисциплинската комисија на РК Алкалоид за тренерот, а во меѓувреме реакции имаше од страна на Агенцијата за млади и спорт која најави конторли во РФМ, а од Здружението на ракометни тренери на Македонија рекоа дека ќе ја чекаат одлуката на клубот и на правната постапка.

Ракометната федерација на Македонија се уште нема свој официјален став околу овој инцидент, ниту пак некое јавно обраќање.

Меѓаши со „Млади правници“  нудат и правна помош за децата

Можностите на Меѓаши се во насока на советодавна функција или евентуално да помогнат со едукација при појава на одреден проблем. Черепналкова-Трајкоска  вели дека најчесто од нив децата или родителите  бараат совет како да се постапи, а кога е потребно им обезбедуваат и правна помош.

„Меѓаши соработува со организацијата „Млади правници“ кои стојат на располагање да дадат правна помош на оние што се јавиле кај нас да пријават некој случај или појава “, објаснува Черепналкова-Трајкоска.

Не постои предмет што не е проследен до некоја иснтитуција

„Не постои некоја пријава што е стигната до нас, и понатаму да не е проследена. Во овој случај верувам дека е проследено до Народен правибранител, можеби и до клубот, до федерацијата. Секако дека ние се нудиме да помогнеме во ваквите случаи“, вели Черепналкова-Трајкоска кој потврди дека на овој случај работи друг вработен во Меѓаш кој е моментно отсутен од канцеларијата. Но, веќе се превземени одредени чекори.

„Меѓаши“ тесно соработуваат со многу институции, а најчесто со Центарот за социјална грижа, со Полиција и со Народниот правобранител.

Народниот правобранител има право да влезе во институциите,  да направи увид и да даде препораки. Неговите насоки насоките, забелешките и препораките се  често и причина за реакција на други институции, па веројатно така ќе биде и сега, дополнува Черепналкова-Трајкоска.

Од Меѓаши потврдуваат дека дел од пријавите што доаѓаат до нив се анонимни, бидејќи тие и ја гарантираат анонимноста. Од самите пријавувачи зависи дали тие ќе сакаат во натамошната постапка да одат јавно. Јавното обвинителство може да процени и во понатамошната постапка да го заштити идентитетот на пријавувачот.

Прочитајте повеќе поврзани вести…

И други родители во Алкалоид го пријавиле суспендираниот тренер

Пријавениот тренер за напад на малолетен ракометар може да остане без лиценцата

Македонските тренери молчат за нивниот колега што тепал дете

АМС бара информација од РФМ за инцидентот во Унгарија и најави инспекција

РК Алкалоид се огласи: Суспендиран тренерот Влатко Котески!

Алкалоид не демантира, ниту потврди, дали нивeн тренер физички нападнал малолетен играч во Унгарија

РОДИТЕЛИТЕ ПОТВРДИЈА: Малолетниот ракометар се жалел на болки и барал лекар, но не го добил

Нови детали од инцидентот во Унгарија: Ракометарот има повредено уво и можни трајни последици

Македонски тренер тепал малолетник на турнир во Унгарија?!