Алкалоид не демантира, ниту потврди, дали нивeн тренер физички нападнал малолетен играч во Унгарија

Актуелниот ракометен машки вице-шампион, тимот на Алкалоид не демантираше, ниту ги потврди информациите дека нивен тренер бил тој што физички нападнал малолетен играч во Унгарија, инцидент што е пријавен во полиција во Скопје и истиот се најде во билтенот на МВР.

Истиот се случил на 2 јуни. Прашањата за тоа што се случило во Унгарија, на 6 јуни 2023 година ги пративме до РК Алкалоид бидејќи тие се единствениот  македонски клуб кој најави учество на турнирот во Унгарија преку социјалните мрежи, а подоцна известуваше и за резултатите од натпреварите. Редакцијата на 24 ракомет прати прашања на четири е-маил адреси кои се користат како официјални и се наоѓаат на официјалната интернет страница на клубот и во адресарот на клубови на РФМ. Како и до претставник на компанијата Алкалоид со надеж дека набрзо ќе добиеме информација– демант или објаснуваше што се случило и што превземале.  Компанијата Алкалоид е сопственик на машкиот клуб кој има натпреварувачи во различни возрасни категории.

Се уште нема ниту официјална потврда од надлежните институции,како и РФМ и Агенцијата за млади и спорт, колку се сериозни повредите на ракометарот и дали побарале информација од клубот дали повредите ги предизвикал тренерот по ракомет со иницијали В.К., како што е објавено во билтенот на МВР, и за кој родителот на малолетникот поднел пријава  во полиција. Информација што ќе се преземе да се превенираат насилни настани на ракометен терен, на натпревар или тренинг, побаравме од Здружение на ракометни тренери.

Во меѓувреме родителите на малолетното дете го потврдија инцидентот, и истовремено дадоа детали за истиот. Според нив тренерот наводно го казнил детето со казната „тостер“, односно казната е истовремено со двете дланки да се удри по двете страни на главата во делот околу ушите. Детето имало болки, но подоцна се влошила состојбата и му течело крв од увото. Не бил прегледан од лекар иако пријавил дека има силни болки. По враќањето во Скопје момчето имало целосен лекарски преглед што го овозможиле родителите, а каде било утврдено дека повредите се од удирање. Да бил прегледан веднаш, уште во Унгарија можеле да се спречат трајни последици.

Во содржината на нашето писмено барање до РК Алкалоид побаравме:

„Потврда или демант на веста. Дали се работи за ракометниот тренер на пионерската екипа на РК Алкалоид, која од 01 до 04 јуни настапуваше на турнир во Унгарија“.

Од клубот после повеќе од 60 часа од упатените прашања нема одговор на нашето прашање, ниту пак „официјален став како клуб, кои чекори ќе ги преземе раководството во врска со случајот, и дали сте запознаени со слични инциденти од тренерот во нивниот клуб?

Таткото на малолетникот го пријавил инцидентот во полициска станица во Ѓорче Петров откако екипата се вратила од патувањето во Унгарија. Истиот е заведен во официјалниот билтен на МВР.

„На 05.06.2023 во 18.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, П.Р.(42) од Скопје пријавил дека на 02.06.2023 околу 15.00 часот во Унгарија, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неговиот тренер по ракомет, В.К.“, објави МВР.

Единствена екипа од Македонија што во овој период гостуваше во Унгарија е пионерската екипа на Алкалоид, која за гостувањето и настапот на турнирот во Сегед објави и на официјалниот сајт.

РОДИТЕЛИТЕ ПОТВРДИЈА: Малолетниот ракометар се жалел на болки и барал лекар, но не го добил

Нови детали од инцидентот во Унгарија: Ракометарот има повредено уво и можни трајни последици

Македонски тренер тепал малолетник на турнир во Унгарија?!