АМС бара информација од РФМ за инцидентот во Унгарија и најави инспекција

Агенцијата за млади и спорт побара од Ракометната федерација на Македонија целосен извештај за настанот во Унгарија каде било пријавено дека тренер нападнал физички малолетен играч. Како одговор на прашањата испратени од 24ракомет до АМС, се вели и дека ќе се иницира вонреден инспекциски надзор на федерацијата.

„По добивањето на целосниот извештај од РФМ, директорот на АМС ќе иницира вонреден инспекциски надзор во федерацијата при што овластените инспектори за спорт ќе ја задолжат федерацијата преку својата дисциплинска комисија да превземе соодветни мерки според нивниот статут и дисциплински правилник, како би се постигнала превенција за заштита на спортистите, особено кога станува станува збор за малолетни лица, се вели во одговорот на Агенцијата за млади и спорт.

Во рамки на своите надлежности АМС веќе изготвиле официјален допис до РФМ за добивање на целосен извештај од посочениот настан, како би имале целосен увид во фактички настанатата состојба во Унгарија.

РК Алкалоид веќе се огласи со соопштение во кое се вели дека на тримесеци е суспендиран нивниот тренер Влатко Котески поради „постоење на сомневање дека во наведениот период на меѓународен турнир одржан во Унгарија е сторен дисциплински престап од страна на Помошникот тренер Влатко Котески, со што директно е нарушен угледот на клубот“.

Агенцијата за млади и спорт уште пред објавувањето на ова соопштение веќе побарало дополнителни информации и од Министерството за внатрешни работи.

„АМС преку електронските медиумите дозна за овој немил настан и веднаш по сознанијата пристапи кон собирање на информации за случувањата во Унгарија, при што добивме информација од МВР дека настанот од страна на родителот на малолетниот играч уредно е пријавен кај нив, и МВР во рамки на своите надлежности ја спроведува понатамошната истрага за случајот, се вели во одговорот од АМС.

За натамошните можни санкции се вели дека откако ќе ги добијат сите извештаи можни санкции кои се пропишани во дисциплинскиот правилник на РФМ-кои се повеќе на број, од времена суспензија па се до одземање на лиценца за тренер.

РК Алкалоид се огласи: Суспендиран тренерот Влатко Котески!

Алкалоид не демантира, ниту потврди, дали нивeн тренер физички нападнал малолетен играч во Унгарија

РОДИТЕЛИТЕ ПОТВРДИЈА: Малолетниот ракометар се жалел на болки и барал лекар, но не го добил

Нови детали од инцидентот во Унгарија: Ракометарот има повредено уво и можни трајни последици

Македонски тренер тепал малолетник на турнир во Унгарија?!