Металург на подготовки во Маврово

По двенеделни тренинзи во Скопје, екипата на Металург од денеска влегува во втората фаза од подготовките за новата сезона. Во следните седум дена избраничките на Јулијана Дамчевска ќе тренираат во Маврово, каде ќе се работи на физичката и на техничко-тактичката подготовка на екипата.

Во рамките на подготовките, Металург во Маврово ќе одигра и најмалку една пријателска средба.

По враќањето од Маврово, Металург ќе влезе во последната фаза од подготовките во која девојките ќе ја билдаат својата форма и ќе одиграат низа пријателски натпревари со македонски, но и со странски екипи.

Во новата сезона Металург ќе се бори на три фронта, во домашното првенство и националниот Куп, но и во Европскиот Куп, каде противник е екипата на Дуделанж од Луксембург.