МВП признание за Македонката – Ристовска најдобра на последниот финален меч!

Македонската репрезентативка Сара Ристовска заедно со екипата на ЦСКА Москва ја освоија шампионската титула во шампионатот на Русија, откако славеа против Ростов Дон со 35:29 во третата финална пресметка.

Ристовска во мајсторката против Ростов Дон на теренот мина речиси 41 минута и уште еднаш потврди дека игра во одлична форма.

Десното крило од Македонија на последниот финален меч доби големо признание, беше прогласена за МВП. Македонката цела сезона ја одигра на високо ниво и на секој важен дуел беше меѓу најдобрите стрелци во московската екипа.

ЦСКА Москва со освојувањето на првото место во националниот шампионат успеа да дојде до дупла круна во оваа сезона. Московска екипа пред извесен период го освои и Куп трофејот.

Некогашниот учесник во Лигата на шампионите првата титула во рускиот шампионат ја освои во сезона 2020/21, сезона во која стигна и до Ф4 во Лигата на шампионите.

Москва слави, Ристовска и ЦСКА се шампиони на Русија!