Маиса Песоа успешно оперирана, почнува со рехабилитација во Бразил (ФОТО)

Ракометарката која пред неколку години стоеше на голот на Вардар, а сега е дел од Ростов Дон, Маиса Песоа е успешно оперирана и веќе почна со периодот на рехабилитација така што сега и следува напорен период.

Операцијата беше извршена во Сао Пауло и самата вели дека сè минало во најдобар ред.

„Знаејќи дека најдобриот доктор е до мене, Полин Бакли, се чувствувам добро. Сакам да им се заблагодарам на сите за убавите пораки кои ми ги упатија. Чувствувам дека поддршката ми дава сила и енергија на ова долго патување за закрепнувањето што ме очекува“, напиша Песоа.

На 17 август на тренингот на тимот во пресрет на заминувањето за Москва на Ф4 во рускиот шампионат таа доби повреда. Настрада предниот вкрстен лигамент така што немаше друг избор освен да биде извршена хируршка интервенција.

Веќе е познато и тоа дека првите неколку месеци од заздравувањето ќе ги мине во Бразил, па потоа се враќа назад во Русија со работа во тимот на Ростов Дон.