Луд финиш со продолженија – Шиофок го елиминираше Икаст и ќе се бори за трофеј

Ракометарките на Шиофок ќе се борат за титулата во Лигата на Европа, откако во драматичен натпревар го елиминираа данскиот Икаст.

Унгарскиот тим славеше по продолженија со 36-34, откако претходно натпреварот во регуларниот дел заврши 31-31.

Клучните фигури во Шиофок беа голманката Сикора со 16 одбрани и Хорачек, која даде седум гола. Овој дуел го судеа Македонките Карбеска и Илиева.

Ривал на Шиофок во битката за трофејот ќе биде фрнацускиот Нант, кој изненадувачки триумфираше над домаќинот на Ф4, Баја Маре, со 36-34.