Лазаров: Не сакам да коментирам, подготвувам соопштение за разделбата со ГА КЛ 7

Главната тема денеска во ракоментиот свет во Македонија се случувањата со тимот на ГА КЛ 7, а таму раководството на клубот објави дека се разделуваат со селекторот и капитен на сениорскиот состав, Кирил Лазаров. Веројатно ќе има промена на името на клубот кој продолжува да се натпреварува во Првата лига, а „разводот“ ќе донесе и поделба на другиот мираз, во кој влегуваат и школите, кампот….

Претседателот на екипата на ГА Кл7 изјави дека не знае зошто се случила разделбата и зошто се случи сето тоа што се случи пред неколку месеци. Слични шпекулации постоеја веќе неколку месеци, кога прво замина тренерот Андон Бошковски, а потоа и Лазаров кој веќе го немаше на натпреварите, ниту пак коментираше настани поврзани со клубот. Сега и официјално е објавено распаѓање на држбата која создаде проект што за само една година успеа да донесе влегување на тимот од Прва лига во Супер лига, и беше на работ на обезбеди опстанок.

Побаравме коментар и од Кирил Лазаров за да се слушне другата страна, но засега нема реакција, барем не на нашето барање да ги потврди вестите за неговото заминување.

„Немам коментар во моментов на оваа тема. Својот коментар ќе го имам во соопштение кое ќе биде достапно за јавноста преку медиумите“, изјави Лазаров за 24Ракомет.

Инаку, Лазаров во моментов ги одбројува последните денови до стартот на подготовките со кадетската репрезентација која ја очекуваат натпревари во август за ЕХФ шампионатот.

Кире Лазаров веќе не е дел од проектот ГА КЛ7, клубот ќе има ново име!

Школите на КЛ 7 остануваат кај Лазаров, а клубот продолжува со своите тимови