Кире Лазаров веќе не е дел од проектот ГА КЛ7, клубот ќе има ново име!

Ракометниот клуб ГА КЛ7 денеска одржа прес-конференција на која беа соопштени неколку важни детали.

Најмладиот суперлигаш, кој по една сезона во елитната конкуренција се врати во Првата лига, отвора нова страница во кратката клупска историја.

Селекторот Кире Лазаров не е повеќе дел од овој проект и клубот во новата сезона најверојатно ќе влезе со ново име – Голден Арт.

„И самите не знаевме што се случи кога ни се случи. Немаше комуникација. Кога нема комуникација тогаш не можете да знаете кога има проблем. Сегашниот селектор едноставно се откажа. Ние како спонзори не можеме да си дозволиме да камеже само едноставно пријатно. Некој ни ги доверил младиве момци. Ги запишавме на школо. Обезбедивме сместување и не можеме да се откажеме одеднаш. Зошто се случи тоа, навистина не можам да објаснам. Клубот ќе има ново име и најверојатно ќе се вика Голден Арт“, вели претседателот Сашко Даев.

Иако беше во игра до последното коло за опстанок во суперлигашката конкуренција, ГА КЛ7 во новата сезона ќе игра во Првата лига, но со големи амбиции по една година да се врати назад.