Квалификации за ЕП: Србија беше фаворит, но доживеа шок кај Исланд

Во рамките од 2. коло од квалификациските натпревари за обезбедување место на Европското првенство 2022 година кое ќе се одржи во Македонија, Словенија и Црна Гора, репрезентацијата на Исланд направи вистинско изненадување на свој терен откако забележа победа против Србија со 23:21.

Ова беше резултат кој и дава голема шанса на селекцијата на Исланд за едно од првите две места на табелата  во Групата 6. Инаку, во текот на целиот натпревар, домаќинките имаа водство кое го контролираа до самиот крај. Најефикасни во репрезентацијата на Србија беа Јована Стоилковиќ и екс ракометарката на Металург, Кристина Лишчевиќ, со четири постигнати гола.

Освен Исланд, изненадување направи и репрезентацијата на Белорусија која одигра одличен натпревар против Германија, 24:24. Иако, репрезентативките на Белорусија имаа шанса да си заминат со два бода, сепак, во последните секунди, Германија постигна гол за нерешен резултат.

Бодовите ги поделија и репрезентациите на Романија и Австрија, кои исто така одиграа без победник, откако по 60. минути игра, резултатот беше 33:33. Со освоениот бод против Романија, репрезентацијата на Австрија има шанса да се избори за второто место на табелата, но за таа цел ќе треба во наредните натпревари да ги корегира грешките од денешниот натпревар и да издвојува победи.

Освен квалификациските натпревари, на денешната програма беше и натпреварот во рамките од ЕХФ Евро Купот меѓу Словенија и Норвешка. Очекувано, победа на овој дуел оствари репрезентацијата на Норвешка со 26:21. Во вториот натпревар од ЕХФ Евро купот, Црна Гора беше подобра од Македонија со еден разлика, 31:30.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2022

2. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА 1

ШВАЈЦАРИЈА – ПОЛСКА 22:31 (13:15)

ЛИТВАНИЈА – РУСИЈА 21:35 (10:17)

ГРУПА 2

ФАРСКИ ОСТРОВИ – ДАНСКА 19:39 (5:18)

АВСТРИЈА – РОМАНИЈА 33:33 (11:16)

ГРУПА 3

ГРЦИЈА – ХОЛАНДИЈА  14:35 (6:21)

ГЕРМАНИЈА – БЕЛОРУСИЈА 24:24 (12:13)

ГРУПА 4

УКРАИНА – ФРАНЦИЈА 25:28 (15:16)

ЧЕШКА – ХРВАТСКА 24:26 (14:14)

ГРУПА 5

ПОРТУГАЛИЈА – ШПАНИЈА 22:23 (11:14)

СЛОВАЧКА – УНГАРИЈА 28:30 (14:13)

ГРУПА 6

ТУРЦИЈА – ШВЕДСКА 23:31 (12:15)

ИСЛАНД – СРБИЈА 23:21 (10:8)

ЕХФ Евро куп

СЛОВЕНИЈА – НОРВЕШКА 21:26 (11:12)

ЦРНА ГОРА – МАКЕДОНИЈА 31:30 (16:16)