Убава вечер за Македонија – Девојките загубија минимално, имаа игра и многу идеја во Никшиќ

Македонија се враќа со пораз од Црна Гора од гостувањето во Никшиќ со 30:31, но исто како и во Скопје во четвртокот и сега покажаа дека имаа убава иднина. Со многу одлично изработени акции, добра игра и идеја во неа потврдија дека иако повеќето уште се дел од кадетската и младинската селекција можат да одговорат на барањата за сениорскиот состав.

Црногорките тргнаа подобро во средбата и поведоа со 2:0 откако првите 2-3 минути минаа без погодоци. На ова следуваше првиот гол за Македонија од седум метри преку Миновска, а пото полека се фаќаше ритам и се одржуваше приклучок.

Првото израмнување дојде во 8. минута кога резултатот беше 3:3. Веднаш потоа следуваше и гол за водство од 4:3, а во 11. минута со добра игра Македонија стигна и до 5:3. Овие плус два гола се одржуваа неколку минути, па при 7:5 за Македонија, Бојана Поповиќ мораше да бара тајм-аут.

После минутата одмор Црногорките дојдоа до серија. Радичевиќ ги предводеше колешките во обезбедување на предноста која во 16. минута беше три гола, 10:7. После 5:0 за Црна Гора, Македонија дојде до нов погодок и успеа да се врати во средбата. Приклучокот овозможи во 23. минута да се дојде до нерешени 11:11. Црна Гора одново имаше плус два, но Македонија се врати на 15:15. Во последната минута од првиот дел имаше уште по еден гол на двете страни за 16:16 на одмор.

Почетокот на второто полувреме беше со наизменични погодоци на двете страни при што Македонија беше таа која поведуваше. Меѓутоа како што поминуваше времето како да се губеше чекорот, па во 45. минута резулатот беше 27:21 во корист на Црногорките откако од 38. до 45. минута беше направена серија од 6:0.

Одговорот следуваше во четири минути со три гола на Јанеска и еден на Јанкулоска, па негативата се намали. Во 49. минута, Македонија имаше одново активен резултат и негатива од два гола, 25:27. Минута подоцна Ризоска го постигна својот деби гол за 26:27 и веќе стана интересно во Никшиќ.

Сепак, искуството на Црногорките кај кои Радичевиќ одигра 60 минути пресуди. Во клучните моменти поискусните ракометарки ги предводеа колешки до победа од 31:30, а малку недостигаше да се направи изненадување на овој дуел. Со оглед на тоа што ова беше само втор натпревар под водство на Савевски како селектор на сениорскиот состав допрва се очекуваат подобри резултати.

ЦРНА ГОРА – МАКЕДОНИЈА    31:30 (16:16)

Сала: Спортски центар во Никшиќ. Судии: Светослав и Звезделин Јовчев од Бугарија. Делегат: Радош Ракочевиќ од Црна Гора.

ЦРНА ГОРА: Рајчиќ (3 одб.), Ненезиќ (6 одб., 1 сед.), Радичевиќ 9, Плетикосиќ 4, Мугоша, Булатовиќ, Ујкиќ, Ашанин, Чоровиќ , Брновиќ 4, Павичевиќ, Рамусовиќ 5, Мехмедовиќ 3, Раичевиќ, Грбиќ 3, Вукчевиќ .

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 12 мин.

МАКЕДОНИЈА: Серафимова (1 одб.), Мицевска (2 одб.), Јовановска (3 одб.), Јанеска 5, Гугуљанова, Коловска, Џатевска 1, Јанкуловска 7, Миновска 6, Кипријановска, Ризоска 1, Стојковска 4, Дабевска 3, Гичевска 2, Коцева, Младеновска

Седмерци: 5/7, Исклучувања: 4 мин.