Кавадарци ќе биде домаќин на Ф4 турнирите во Купот на Македонија

Домаќин на завршните турнири во Купот на Македонија за оваа сезона ќе биде салата „Јасмин“ во Кавадарци од 13 до 15 мај, беше потврдено на седницата на УО на РФМ.

Кај дамите, за трофејот ќе се борат Чаир, Металург, Ѓорче Петров и Куманово, а полуфиналните средби во оваа конкуренција би биле на 14 мај

Кај мажите, за трофејот ќе се борат Бутел Скопје, Вардар, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, а полуфиналните средби би требало да се играат на 13 мај.

Двете финалиња ќе се играат на 15 мај, а меѓу нив ќе биде одигран меморијален натпревар во чест на Марко Божиновски меѓу кадетската екипа на Бутел Скопје и кадетската репрезентација на Македонија.