ИДЕАЛЕН ТИМ НА 8. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во вториот дел од сезоната.

Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за титулата и за опстанокот, а на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до недела до 11 часот.

Според Вас кој е најкорисниот ракометар на 8. коло во машка Супер лига?

Игор Мршуља -среден бек- (Јуниор КВ)
42.79%
Давор Шокоски -лев бек- (Прилеп)
24.47%
Матеј Петковски -голман- (Јуниор КВ)
16.47%
Мирко Мајиќ -лево крило- (Бутел)
11.08%
Стојанче Стоилов -пивот- (Вардар)
2.26%
Мартин Серафимов -десен бек- (Металург)
1.99%
Мирко Радовиќ -деснo крило- (Еурофарм Пелистер)
0.93%

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

РЕЗУЛТАТИ ОД 8. КОЛО

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ВАРДАР         26:33 (ИЗВЕШТАЈ)

СТРУГА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР              16:30 (ИЗВЕШТАЈ)

МЕТАЛУРГ – ПРОЛЕТ     29:22 (ИЗВЕШТАЈ)

ОХРИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ               22:22 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ

РЕЗУЛТАТИ ОД 8. КОЛО

КЛ 7 – ПРИЛЕП  35:36 (ИЗВЕШТАЈ)

РАДОВИШ – РАБОТНИЧКИ         27:14 (ИЗВЕШТАЈ)

ГРК ТИКВЕШ – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА  29:31 (ИЗВЕШТАЈ)

МЛАДОСТ – АСТРАИОН               30:19 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП971124
2МРК КУМАНОВО971123
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2960321
4ВАРДАР НЕГОТИНО960318
5МУЛТИЕСЕНС941414
6ГОЛДЕН АРТ921610
7СКОПЈЕ 202092076
8АЕРОДРОМ90092

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 8. КОЛО

ГОЛМАН: Матеј Петковски (Јуниор Кисела вода) – Имаше добро издание на гостувањето кај ГРК Тиквеш. Одбрани многу тешки удари, а имаше важни одбрани кога беше најпотребно.

ЛЕВО КРИЛО: Мирко Мајиќ (Бутел Скопје) – Ракометарот од Црна Гора беше нерешлива загатка за охриѓани и беше играч од кој зависеа многу работи на теренот. Тој ги предводеше колегите со осум гола до големиот бод.

ЛЕВ БЕК: Давор Шокоски (Прилеп) – Ракометарот на прилеп полека влегува во сè подобра форма, а тоа се гледа и по играта на тимот. Прилеп победи кај КЛ 7, а Шокоски беше меѓу подобрите со шест гола.

СРЕДЕН БЕК: Игор Мршуља (Јуниор Кисела вода) – Организаторот на играта на Јуниор Кисела вода имаше голем удел во победата во Кавадарци. Самиот постигна десет гола и беше еден од подобрите во нападот.

ДЕСЕН БЕК: Мартин Серафимов (Металург) – Металург имаше одличен натпревар против Пролет, а Серафимов заедно со Хорватбеше најдобриот на терен. Погоди шестпати, но имаше добра партија.

ДЕСНО КРИЛО: Мирко Радовиќ (Еурофарм Пелистер) – Крилото од Црна Гора одигра добра средба на гостувањето во Струга. Имаше добар ден кој му овозможи да се најде во тимот на колото.

ПИВОТ: Стојанче Стоилов (Вардар) – Дека момците од Еурофарм Пелистер 2 се сериозен ривал се виде и по сериозниот пристап на „црвено-црните“. Капитенот Стојанче Стоилов беше еден од најефикасните во тимот со шест гола.