Младост не дозволи нов кикс и го надигра Астраион во последните десет минути

Екипата на Младост од Богданци го надигра Астраион со 30:19 и конечно дојде до победа во плеј-аут натпреварите од Супер лигата. Во претходните три натпревари, Младост имаше неколку киксови. На денешниот натпревар имаше многу падови во играта на двете екипи и издигнувања со серија на голови.

Ракометарите на Младост добро го започнаа натпреварот, имаа водство од 4:0, а потоа и највисоко водство од 8:3. Гостинските ракометари од Струмица никако не можеа да го скршат отпорот на противникот и заостануваа на минус шест гола разлика, 11:5, по петнаесетина минути игра. Ракометарите на Драган Вурмо заминаа на полувреме со предност од 15:11.

Во вториот дел, Астраион со серија од 5:0 најави интересна борба и го изедначи резултатот на 17:17. Домашните ракометари, сепак го поправија впечатокот и возвратија со серија од 4:0 за ново водство од четири гола разлика, 21:17.

Во последните десетина минути, Астраион имаше голем број на грешки во своите напади, а поискусната екипа ја искористи кризата во спротивниот табор и со убедлива серија од 7:0 стигна до плус 11 гола разлика.

24 април 2021
30 - 19
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
24 април 2021 17:38 ПЛЕЈ АУТ СУПЕРЛИГА 2020/2021 24.04.2021 60'

Место

Спортска сала „Млаз“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МЛАДОСТ 19771530Победа
АСТРАИОН1119Пораз

МЛАДОСТ 1977

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Димитар Пеевлево крило03
7Никита Лошчаковлев бек16
10Илија Чрчев-01
12Горан Паунковголман00
15Марко Михајловиќлево крило03
16Александар Мицевголман00
17Иван Стојчевскидесно крило02
20Душан Каркалашевцентрален бек10
22Никола Димитровдесно крило03
23Мартин Фидановпивот23
25Саша Михајловиќцентрален бек02
27Горан Лисичковцентрален бек01
30Александар Лупашколев бек06
33Никола Роглевдесен бек00
35Митко Стоиловлев бек00
39Далибор Лукиќдесен бек00
 Вкупно 430

АСТРАИОН

Officials

Судии:Делегат:
БОЖИНОВСКИ ДАНИЕЛО
НАЧЕВСКИ ВИКТОР
ЧАВДАРОВ ВАСИЛ
ПозЕкипаНПРЛБ
1МРК КУМАНОВО12101132
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21290330
3ПРИЛЕП1181227
4ВАРДАР НЕГОТИНО1280424
5МУЛТИЕСЕНС1261520
6ГОЛДЕН АРТ1131713
7СКОПЈЕ 20201220106
8АЕРОДРОМ1400142