Важен триумф на Прилеп – Шокоски со гол во последната секунда го сруши КЛ7!

Ракометарите на Прилеп триумфираа на гостувањето кај КЛ7 со 35-36, со погодокот во последната секунда на левиот бек Давор Шокоски. Ова се важни бодови за прилепчани кои се вклучуваат во битката за врвот на табелата во плеј-аут.

Прилепчани водеа на стартот со 3-6, но домашните полека се враќаа во игра и стигнаа до високи четири гола позитива, 13-9. Сепак тоа не ги откажа гостите, кои со серија од пет погодоци направија пресврт, 13-14.

Избраниците на Игор Котевски израмнија на 14-14, а до крајот на полувремето се играше практично без одбрани и двата тима погодија уште по четири пати за нерешено на пауза, 18-18.

Гостите во вториот дел повторно ја вратија предноста на своја страна, 22-25, но направија неколку грешки во серија и КЛ7 се врати на егал, 26-26. Во тие моменти прилепчани останаа без грузискиот лев бек Мириан Гавашелишвили, кој поради третото исклучување доби црвен картон и се пресели на трибините.

Се играше гол за гол во продолжение, а во последните десетина минути домашните стигнаа до плус два, 32-30. Тоа беше недоволно за мирна завршница, бидејќи Рустамов израмни набрзина со два гола во контранапад на 32-32, а беше и 34-34. Двете екипи погрешија во следните напади и во последната минута се влезе со реми, 35-35.

Прилепчани направија грешка, но и домашните се сплеткаа во нападот, па Давор Шокоски ја искористи шансата и во последната секунда погоди за 35-36 и огромни три бода за Прилеп.

24 април 2021
35 - 36
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
24 април 2021 16:43 ПЛЕЈ АУТ СУПЕРЛИГА 2020/2021 24.04.2021 60'

Место

СЦ „Борис Трајковски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ГОЛДЕН АРТ1835Пораз
ПРИЛЕП1836Победа

ГОЛДЕН АРТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Александар Стојковдесно крило22
8Андре Буторацдесен бек20
10Симон Гуческилево крило00
11Игор Ѓоргиевцентрален бек03
13Бобан Каковскицентрален бек00
14Кристијан Симоноскипивот110
15Бојан Љубевскилев бек10
17Божидар Илиескицентрален бек01
19Мартин Димовскидесен бек02
22Евгениј Темелкоскидесно крило05
23Емилијан Ѓорговскилев бек08
24Олег Јордановлев бек00
26Марко Стојковиќпивот00
31Глигор Гајиќцентрален бек04
33Виктор Василевскиголман00
99Андреј Петковскиголман00
 Вкупно 635

ПРИЛЕП

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Александар Тренчевскипивот24
7Хазеин Рустамовлево крило07
9Христијан Бикоскилево крило01
10Сашко Манческипивот00
11Владимир Трајкоскилев бек04
12Иван Ангелескиголман00
13Ивица Дукоскицентрален бек00
14Даниел Андоновскилев бек04
17Хари Павловдесен бек10
18Давор Шокоскилев бек06
19Антонио Бурчевскипивот00
22Мартин Карафилоскипивот00
23Реваз Чантуријадесно крило110
33Стефан Христоскиголман00
34Мириан Гавашелишвилилев бек30
77Зураб Цинцадзеголман00
 Вкупно 736

Officials

Делегат:Судии:
НАУМОВСКИ РУСЕГЕОРГИЕВСКИ ДЕЈАН
ГЕОРГИЕВСКИ ДИМИТАР
ПозЕкипаНПРЛБ
1МРК КУМАНОВО12101132
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21290330
3ПРИЛЕП1181227
4ВАРДАР НЕГОТИНО1280424
5МУЛТИЕСЕНС1261520
6ГОЛДЕН АРТ1131713
7СКОПЈЕ 20201220106
8АЕРОДРОМ1400142