Пелистерци парираа едно полувреме, Вардар со пресврт до убедлив триумф во Битола

Ракометарите на Вардар ја забележаа осмата победа во суперлигашкиот плеј-оф, откако славеа на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер 2 со 26-33. Во „црвено-црниот“ состав недостигаа Димитриоски, Дисингер, Кизиќ, Валчак и Шеваљевиќ.

Избраниците на Александар Јовиќ парираа одлично во првото полувреме на поискусниот ривал. Вардарци поведоа со 3-5, но домашните набрзина израмнија на 5-5. Во продолжение се играше гол за гол, а Вардар никако не успеваше да се одлепи.

Во последната минута од првиот дел, гостинските ракометари влегоа со предност, 14-15, но на пауза заминаа со негатива. Најпрво Арсеновски израмни на 15-15, а во последната секунда по една грешкка на вардарци, водство на Еурофарм Пелистер му донесе Атанасијевиќ.

Битолчани по три минути игра во вториот дел за првпат стигнаа и до плус два, 18-16, но направија потоа три грешки кои ги казнија Гаџа, Стоилов и Дибиров за пресврт и водство на Вардар, 18-19.

Двократниот европски првак заигра посериозно во продолжение, Кантегрел влезе во серија на неколку одбрани и набрзина Вардар се одлепи на плус шест, 18-24, а домашните го прекинаа десетминутниот пост без гол преку Петровиќ за 19-24.

Врзаа битолчани три гола во серија за 22-26 на десетина минути до крајот, но тоа беше премалку за неизвесна завршница. Вардарци само рутински го одработија финишот за конечни 26-33 и осма победа во плеј-офот.

23 април 2021
26 - 33
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
23 април 2021 15:35 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 23.04.2021 60'

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21626Пораз
ВАРДАР 19611533Победа

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Јован Талевскицентрален бек02
5Игор Петковски-00
8Павле Атанасијевиќцентрален бек06
9Васко Димитровскипивот01
10Христијан Митревскидесен бек01
12Филип Ивановскиголман00
13Павле Петровиќдесен бек26
19Стефан Андонов-00
22Иван Димитровскилево крило10
23Стефан Талевскицентрален бек01
24Никола Стоилевскидесно крило02
33Петар Атанасијевиќлев бек10
51Димитар Бардакоскиголман10
55Стефан Дрогришкилев бек04
88Димитриј Блажевскидесен бек00
99Филип Арсеновскипивот03
 Вкупно 526

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
4Томислав Јагуриновскидесен бек10
5Стојанче Стоиловпивот06
9Гоце Георгиевскидесно крило07
11Мартин Карапалевскицентрален бек00
18Ловро Јотиќцентрален бек02
21Глеб Каларашпивот10
24Анте Гаџацентрален бек02
27Иван Чупиќдесно крило05
28Филип Талескилев бек01
31Тимур Дибировлево крило08
44Јосип Векиќдесен бек00
55Стефан Атанасовскипивот01
77Робин Кантегрелголман00
97Марко Мишевскилев бек01
 Вкупно 233

Officials

Судии:Делегат:
КОЛЕВСКИ ЃОКО
КРКАЧЕВ САШО
КАМИШЕВСКИ ДУШКО
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515