Еурофарм Пелистер без многу мака до триумф покрај езерото

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја продолжуваат победничката серија во суперлигашкиот плеј-оф. Битолчани го забележаа седмиот триумф во осмиот натпревар откао славеа на гостувањето кај Струга со убедливи 14 погодоци разлика, 16-30..

Домашните иако ослабени без капитенот Николиќ и без Пајкоски, парираа во првите петнаесетин минути од натпреварот и водеа во повеќе наврати. По 8-7, следуваше серија на гостите за 8-12 и тоа беше најава дека битолчани го кршат отпорот на Струга.

До паузата ја задржаа таа разлика и во второто полувреме влегоа со позитива од четири погодоци.

Набрзина во вториот дел избраниците на Жељко Бабиќ обезбедија плус седум, 11-18 и веќе беше јасно каков натпревар ќе гледаме до крајот. Само рутински беше одработена задачата за триумф покрај езерото со конечни 16-30.

Сега следува репрезентативна пауза, а суперлигашките натпревари за двете екипи ќе продолжат на 8 и 9 мај. Битолчани ќе гостуваат кај Бутел Скопје, а Струга ќе биде гостин на Металург.

23 април 2021
16 - 30
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
23 април 2021 16:14 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 23.04.2021 60'

Место

Спортска сала Тими

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СТРУГА1016Пораз
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1430Победа

СТРУГА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Владо Затаракоскиголман00
2Петар Маркоски-02
3Дејан Лазороскилево крило00
4Христијан Крстаноскилев бек00
5Бобан Савески-00
7Пеце Рајатоскидесно крило11
11Тодор Јанкулоскидесно крило01
12Мартин Јовановскиголман00
14Славиша Димитријескицентрален бек00
16Марио Стојаноски-00
23Игор Илиевскилево крило01
24Ненад Костоскилево крило01
25Вукашин Ракочијалев бек15
44Дарио Симоноскипивот04
55Филип Пајкоскипивот00
77Никола Цветаноскилев бек01
 Вкупно 216

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Матео Марашдесен бек12
3Гоце Ојлескилево крило02
4Никола Маркоскипивот00
6Бојан Маџовскилево крило01
7Дејан Кукуловскилев бек02
9Стипе Мандалиниќлев бек05
10Томислав Кушанпивот02
13Мирко Радовиќдесен бек06
18Јосип Периќцентрален бек04
19Ненад Костескидесно крило02
21Градимир Чаневскиголман00
24Милорад Кукоскилев бек00
27Дарио Петровскилев бек00
30Мартин Велковскидесен бек01
59Елмир Граџанпивот03
88Карим Хендавиголман00
 Вкупно 130

Officials

Судии:Делегат:
ВУКАШИНОВСКИ АЛЕКСАНДАР
ТРАЈКОВСКИ МИРКО
МЕТАЛАРИ КАМЕР
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515