ИДЕАЛЕН ТИМ НА 14. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиотдел од сезоната.

За разлика од лани годинава има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат шест екипи. Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до четврток до 12 часот.

Според Вас, кој ракометар го одбележа четрнаесеттото коло од машката Суперлига?

Александар Василевски - лев бек - Скопје
49.15%
Зураб Цинцадзе - голман - Прилеп
32.94%
Никола Стефановиќ - пивот - Тиквеш
13.62%
Тимур Дибиров - лево крило - Вардар
1.28%
Димитар Димитриоски - среден бек - Еурофарм Пелистер 2
1.09%
Матео Мараш - десен бек - Еурофарм Пелистер
1.01%
Реваз Чантурија - десно крило - Прилеп
0.91%

РЕЗУЛТАТИ ОД 14. КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

СТРУГА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР       22:31 – ИЗВЕШТАЈ

ТИКВЕШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ     29:25 – ИЗВЕШТАЈ

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – МЕТАЛУРГ         39:23 – ИЗВЕШТАЈ

ВАРДАР – ОХРИД       33:26 – ИЗВЕШТАЈ

ПРИЛЕП – ПРОЛЕТ    27:24 – ИЗВЕШТАЈ

СКОПЈЕ – РАДОВИШ 27:23 – ИЗВЕШТАЈ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 14. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: Зураб Цинцадзе (Прилеп) – Имаше одлична улога во победата против Пролет. Особено во клучните моменти имаше одбрани со кои помогна да се дојде до важна победа.

ЛЕВО КРИЛО: Тимур Дибиров (Вардар) – Беше незадржлив за одбраната на Охрид. Успеа да одработи одличен натпревар, а успеа да погоди дури 11 пати. Со овие погодоци беше далеку пред колегите.

ЛЕВ БЕК: Александар Василевски (Скопје 2020) – Во првата победа на тимот на Скопје тој беше најефикасниот и предводник во нападот. Успеа десетпати да погоди во голот на Радовиш и имаше голем придонес за обезбедувањето на нови бодови.

СРЕДЕН БЕК: Димитар Димитриоски (Еурофарм Пелистер 2) – Покажува дека сè подобро се вклопува во играта на Еурофарм Пелистер 2. Имаше добар ден и добро го организираше нападот на тимот од Битола во победата против својот поранешен тим, Металург.

ДЕСЕН БЕК: Матео Мараш (Еурофарм Пелистер) – За Еурофарм Пелистер немаше проблеми на гостувањето во Струга. Мараш ја одржа својата форма, а успеа да постигне четири гола во новата победа.

ДЕСНО КРИЛО: Реваз Чантурија (Прилеп) – Ракометарите на тимот од Прилеп имаа одлично издание, а на овој натпревар против Пролет, искусниот Чантурија имаше свој ден. Шестпати погоди во голот на ривалот од Скопје.

ПИВОТ: Никола Стефановиќ (Тиквеш) – Одигра еден од подобрите натпревари сезонава во дресот на Тиквеш. Тој беше меѓу најефикасните во тимот од Кавадарци со пет гола.