Со двобојот меѓу Ѓорче Петров и шампионот Вардар се комплетираше второто коло во женската кадетска лига.
„Лавиците“ ги победија „црвено-црните“ со 33-25, иако гостинките парираа во првиот дел, во еден момент дури имаа и предност. На паузата Ѓорче Петров водеше со 15-14, домашните постигнаа три гола на стартот на второто полувреме за 18-14 и го решија прашањето околу победникот.
Ивана Глогуновска и Магдалена Костадиновска со по седум гола ги предводеа „лавиците“ до триумф, додека шест погодоци за Вардар даде Евгенија Смиљковска.
Деспина ги освои двата бода на гостински терен кај Кале Кичево со 24-20, а предводнички беа Ивана Конеска со осум и Ивана Спасеска со седум погодоци, додека исто толку за домашниот тим даде Мила Дојчиноска.
Чаир запиша втор триумф, откако славеше над Маркови Кули со 24-18. Џејла Дарлиста беше најдобар стрелец во победничкиот тим со девет гола, додека Каталеа Иваноска стрелаше шест пати за прилепскиот состав.
Кадетки, 2 коло, резултати:
Ѓорче Петров – Вардар 33-25
Кале Кичево – Деспина 20-24
Чаир – Маркови Кули 24-18
табела: 1. Ѓорче Петров 4, 2. Чаир 4, 3. Вардар 2, 4. Деспина 2, 5. Кале Кичево 0, 6. Макрови Кули 0

























