Злато вредна победа за четата на Кузманоски – Пролет падна во Прилеп!

Ракометарите на Прилеп одиграа одличен натпревар во 14. коло од Супер лигата и на домашен терен ја совладаа екипата на Пролет со 27:24 во дуел на кој во најголемиот дел беа во водство.

Пролет го имаше почетното водство со головите на Џонов и Димов. Прилеп веднаш возврати преку Рустамов, Тренчевси и Трајковски и после пет минути игра беше 3:3. Прилеп играше одлична одбрана и поведе со 6:4, но потоа брзо возвратија гостите и одново беше нерешено во 15. минута.

Добрата игра на избраниците на Горан Кузманоски, продолжи до крајот на првиот дел, за 15 минути Прилеп прими само два гола и создаде одлична предност пред продолжението. На полувреме домашниот тим водеше 14:8.

Во првите десет минути од второто полувреме Пролет успеа да ја преполови негативата и да намали на минус три. Следуваше период од шест минути без погодок на двете страни, а Тренчевски погоди за 19:15 во 46. минута.

Сè до заршните пет минути се играше гол за гол и постојано беше три или четири разлика за Прилеп. После две одбрани на голамнот на Пролет и две брзи реализации гостите се вратија во игра на минута и пол до крајот кога намалија на 24:23. Чантурија погоди за 25:23 што беше доволно за конечна победа на Прилеп.

11 декември 2021
27 - 24
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
11 декември 2021 19:56 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 11.12.2021 60'

Место

Спортска Сала Сонце Прилеп

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПРИЛЕП1427Победа
ПРОЛЕТ824Пораз

ПРИЛЕП

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Александар Тренчевскипивот14
5Лео Дамчевски-00
7Хазеин Рустамовлево крило02
9Христијан Бикоскилево крило03
11Владимир Трајкоскилев бек04
12Иван Ангелескиголман00
17Хари Павловдесен бек00
18Давор Шокоскилев бек15
19Антонио Бурчевскипивот00
21Стефан Лозаноски-00
23Реваз Чантуријадесно крило06
27Христијан Милошевскилев бек02
33Стефан Христоскиголман00
34Мириан Гавашелишвилилев бек00
77Зураб Цинцадзеголман00
90Даниел Андоновскилев бек11
 Вкупно 327

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Михаил Аларовпивот13
7Бојан Маневцентрален бек00
8Дејан Пецаковскилев бек01
9Бојан Јовановскилево крило00
11Виктор Додевскидесно крило03
13Мартин Димовдесно крило11
15Ласко Андоновскицентрален бек02
16Андреј Петковскиголман00
18Иван Џоновлев бек03
19Доне Мајновдесен бек00
21Филип Крстевски-00
23Ѓорѓе Голубовиќдесен бек15
24Јован Фичорскицентрален бек00
33Јане Цветковскиголман00
71Давор Палевскилево крило06
99Жарко Пејовиќцентрален бек00
 Вкупно 324

Officials

Судии:Делегат:
МИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
ОГНЕНОВ ИГОР
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515