Во центарот на вниманието денеска ќе биде мечот меѓу Вардар и Висла Плоцк во СЦ „Јане Сандански“ од 20:45 часот.
Ова е дуел на кој со победа Вардар ќе ги продолжи надежите за место во ТОП 12 во Лигата на шампионите, а пораз практично ќе значи преселба во Лигата на Европа и место во елиминациите.
Вардарци против Висла Плоцк имаат одиграно шест средби на кои досега запишаа три победи, две реми среби и еден пораз.
Полскиот вицепрвак играше драматични натпревари и загуби кај Нант, а дома го победи Мелсунген. Во составот на Чави Сабате се прекалени борци како Дашек, Крајевски, Сита, Реј Моралес, Шушња…но и Косоротов, Илиќ, Ричардсон, Давиџик, Михиќ…а голманскиот пар го сочинуваат Алиловиќ и Вујовиќ.
Покрај дуелот меѓу Вардар и Висла Плоцк, во Лигата на шампионите се играат уште пет средби во Берлин, Загреб, Барселона, Касел и Архус.
На домашна сцена, стартува 5 коло во Првата лига, а во првиот натпревар екипата на Пролет ќе го пречека Илинден.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:45 ФУКСЕ БЕРЛИН – ПОРТО (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ЗАГРЕБ – АЛБОРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
19:00 ПРОЛЕТ – ИЛИНДЕН (МАКЕДОНИЈА)
20:45 БАРСЕЛОНА – ДИНАМО БУКУРЕШТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 СКАНДЕРБОРГ АРХУС – МОНПЕЛЈЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 МЕЛСУНГЕН – НАНТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 ВАРДАР – ВИСЛА ПЛОЦК (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)


























