Вардар им се врати на победите – хрватската сметка ја плати Охрид

Ракометарите на Вардар по поразот во Лигата на шампионите од составот на Загреб, им се вратија на победите и во победничка атмосфера ќе го дочекаат големото дерби против Еурофарм Пелистер во Битола.

„Црвено-црните“ прославија убедлив триумф над составот на Охрид со 33-26. Иако со 14 ракометари во ростерот и без голем дел од интернационалците, вардарци немаа поголеми проблеми со гостинскиот состав.

По 6-3 охриѓани се вратија на 6-6, но потоа влегоа во „црна дупка“ од која не успеаја да излезат. Вардар со серија од осум гола по ред зголеми на 14-6 и тука беше крајот на неизвесноста на овој натревар.

До крајот на полувремето предноста остана иста, 17-9. Во второто полувреме гостите намалија на 18-13, но потоа вардарци повторно нагазија и со серија од четири гола се одлепија на 22-13. Уште еднаш Охрид успеа да намали на минус пет, но немаше време за некаков камбек Вардар рутински го доврши натпреварот.

Најдобри стрелци во домашниот тим беа Дибиров со девет гола, како и Гаџа, Талески и Мишевски кои погодија по четири пати, додека од редовите на Охрид се истакна Филип Кривокапиќ со седум погодоци.

11 декември 2021
33 - 26
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
11 декември 2021 18:53 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 11.12.2021 60'

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ВАРДАР 19611733Победа
ОХРИД926Пораз

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
8Јоел Куни Моралесдесен бек03
9Гоце Георгиевскидесно крило03
11Мартин Карапалевскицентрален бек00
21Давид Савревскидесен бек00
22Жереми Тотопивот03
24Анте Гаџацентрален бек04
28Филип Талескилев бек14
31Тимур Дибировлево крило011
33Стефан Крстевскицентрален бек00
45Дарко Ѓукиќдесно крило10
55Стефан Атанасовскипивот01
97Марко Мишевскилев бек04
99Васил Гоговголман00
 Вкупно 233

ОХРИД

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јагош Брауновиќголман01
4Крсте Андоновскилево крило00
6Филип Кривокапиќцентрален бек07
8Наум Костовдесно крило00
10Филип Николовдесен бек00
11Мице Шилеговдесно крило03
12Христијан Коваческиголман00
13Славчо Шулески-00
17Никола Ристески-00
19Иван Тасескипивот14
21Филип Грубор-11
24Мартин Манасковлев бек13
44Стефан Додиќцентрален бек04
55Христијан Димитриескипивот03
77Алекса Милошевиќ-00
 Вкупно 326

Officials

Судии:Делегат:
АНДОНОВ ВИКТОР
ЈОВАНОВСКИ СТОЈАНЧО
МЕТАЛАРИ КАМЕР
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515