Скопје чекаше 14 кола за да се израдува, ги освои првите суперлигашки бодови

После 13 порази ракометарите на Скопје 2020 денеска дојдоа до првата победа во деби сезоната во Супер машката лига откако денеска го совладаа тимот на Радовиш со 27:23.

Ракометарите на Скопје 2020 успеаја да го одработат она што се очекуваше од нив и да дојдат до триумф откако во поголемиот дел од средбата беа во предност и имаа контрола. Иако радовишани покажаа дека знаат како треба да парираат односно да бидат постојано во игра, сепак, недостигаше нешто за да можат да се изборат и за подобар резултат.

Домашните први направија плус три и имаа 7:4. Ја одржуваа разликата до 10:7 во 21. минута, а потоа примија четири гола и влегоа во негатива. На одмор резултатот беше 11:12 што беше најава за второ полувреме во кое ќе мора да се одигра на едно уште повисоко ниво.

Екипата на Скопје подобро го отвори и второто полувреме и тоа со 3:0. Одново имаше предност која постојано се зголемуваше. Предноста беше главно 2-3 гола. Се играше трпеливо и се бараше шанса за гол, а тоа беше добро сработено од страна на домашниот состав.

Скопје не доволи тимот на Радовиш да се доближи одново и да се искомплицираат работите така што постојано беше со контрола на играта и на резултатот. Гостите најмногу се доближија во финишот. Во 57. минута резултатот беше 24:23, а тогаш за три минути беше решено сè и домашните ги освоија бодовите со триумф од 27:23 што конечно им донесе радост.

Дебитантот во Супер машката лига конечно успеа да стигне до триумф во најсилното натпреварување на домашна сцена и сега веќе нема екипи без бодови.

12 декември 2021
27 - 23
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
12 декември 2021 19:30 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 12,12,2021 60'

Место

СЦ „Борис Трајковски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СКОПЈЕ 20201127Победа
РАДОВИШ1223Пораз

СКОПЈЕ 2020

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Давид Стојкоскиголман00
2Филип Василевскипивот34
4Марио Мишевскилево крило04
5Бојан Чакалиќцентрален бек01
7Андреј ТркалевскиСреден бек00
9Александар Василевскилев бек110
18Кирил Пешкирскилево крило01
19Велимир ГрујовскиСреден бек04
20Лука Благопетровдесно крило00
22Андреј Пешевскицентрален бек00
23Благој Димчевскипивот00
24Стефан Стојановскилев бек20
25Леонид Киселовскилев бек03
26Бране Трифуновскиголман00
30Далибор БлажевскиСреден бек00
77Симон Калајџиескилево крило00
 Вкупно 627

РАДОВИШ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Славјан Пауновголман00
3Зоран Стојановскилево крило03
4Александар Марковлев бек00
7Александар Долдуровлево крило00
10Здравко Постоловцентрален бек07
13Кристијан Петров-00
16Александар Мицевголман00
18Ангелче Органџиевлев бек14
19Томче Трајчевскипивот00
23Кристијан Ристовлево крило02
71Филип Трајановдесно крило02
77Александар Вујниќлев бек05
90Филип Костадинов-00
 Вкупно 123

Officials

Делегат:Судии:
ОГЊАНОВСКИ МАРЈАНГЕОРГИЕВСКИ ДЕЈАН
ГЕОРГИЕВСКИ ДИМИТАР

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515