Металург гостуваше со десет ракометари во Битола, се врати со пораз од 16 гола

Со три пивоти, две десни крила и еден класичен дефанзивец, екипата на Металург уште пред почетокот на средбата беше во незавидна ситуација против Еурофарм Пелистер 2, а тоа се потврди и на теренот откако домашните дојдоа до победа од 39:23.

Металург беше рамноправен ривал само во првите десетина минути во кои успеваше и да остане во потребниот ритам. на моменти беше и во водство и имаше предност од 3:1 и 4:2. Сепак, тука домашните свртеа и поведоа со 5:4, а откако Металург израмни ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 дојдоа до 8:5 и веќе не дозволија противникот да се доближи.

До крајот на првото полувреме предноста порасна до шест гола и таа беше и разликата со која се замина на одмор на овој натпревар. Резултатот беше 16:10 така што беше јасно каков ќе биде епилогот.

Како што течеше средбата односно како одминуваше времето така водството се зголемуваше. Еурофарм Пелистер брзо дојде до двоцифрена разлика, 21:11 и само продолжи да ја зголемува предноста. Металург не можеше да следи така што рано беше јасно дека на овој дуел победата ќе биде изразена со најмалку 15 погодоци.

За играта и не може многу да се потенцира бидејќи во вториот дел домашните главно преку контри доаѓаа до лесни голови и ја искористија шансата да обезбедат лесни три бода и да го потврдат високото место на патот кон плеј-оф.

11 декември 2021
39 - 23
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
11 декември 2021 19:03 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 11.12.2021 60'

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21639Победа
МЕТАЛУРГ1023Пораз

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Бобан Ристевскиголман00
3Цветан Кузманоскилево крило07
7Андре Буторацдесен бек02
8Павле Атанасијевиќцентрален бек00
9Васко Димитровскипивот12
13Павле Петровиќдесен бек12
16Благојче Трајкоскиголман01
19Стефан Андонов-00
21Димитар Димитриоскицентрален бек04
22Иван Димитровскилево крило04
23Стефан Талевскицентрален бек01
33Петар Атанасијевиќлево крило08
34Емилијан Ѓорговскилев бек03
66Милан Ѓукиќдесно крило01
88Димитриј Блажевскидесен бек03
99Филип Арсеновскипивот11
 Вкупно 339

МЕТАЛУРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Костадин Петровпивот01
4Александар Петковскидесен бек15
7Дамјан Субашевски-01
10Даниел Дупјачанецголман00
12Давид Брестовацголман00
13Златко Хорватдесно крило17
19Милан Лазаревскипивот04
28Андреј Митиќпивот01
51Димитар Бардакоскиголман00
64Велко Маркоскилев бек14
 Вкупно 323

Officials

Делегат:Судии:
НАУМОВСКИ РУСЕМЕТАЛАРИ ИСМАИЛ
НИКОЛОВСКИ НЕНАД

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515