Женска лига: Почна пролетниот дел, на табелата сè е исто на врвот

Првите натпревари кои се одиграа во пролетниот дел од Женската лига не донесоа изненадување така што и после првото пролетно коло ситуацијата е иста како и после завршување на првиот дел од сезоната.

Сите тимови од првата петка забележаа победи така што немаше промени и сè остана исто, па за промени веројатно ќе мора да се почека до одигрување на нивните меѓусебни дуели.

Резултатите од сите средби, како и извештаите од истите можете да ги видите во продолжение.

ЖЕНСКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 14. КОЛО

ГЕВГЕЛИЈА – МЕТАЛУРГ         19:38

Попова 5, Пецевска 5, Митрова 3 – Дамчевска 6, Калајџиевска 6, Божиновска 6

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – АЛУШОВСКИ         28:26

Костова 9, Павловска 6, Манева 4 – Трајановска 12, Николовска 8, Алушовска 2

КУМАНОВО – ДЕСПИНА           42:14

Трајковиќ 7, Гичевска 7, Боризовска 6 – Гулеска 3, Филипоска 3, Спиркоска 2

ВАРДАР – СПАРТАК       37:13

Диневска 6, Седлоска 6, Галевска 6 – Стефановска 6, Василева 3, Костадиноска 1

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – СТРУЖАНКА         15:36

Цветановска 5, Србиновска 3, Малцева 2 – Дукоска 8, Делиоска 7, Јовичинац 5

ЧАИР – КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН            34:23

Николовска 14, Мартиновска 6, Костадиновска 5 – Русевска 10, Ѓорѓиева 7, Филипова 3

ПЕЛИСТЕР 2012 е слободен

ТАБЕЛА: 1. Куманово 39 бода (495:268); 2. Металург 36 (477:265); 3. Вардар 30 (455:279); 4. Стружанка 30 (397:310); 5. Чаир 27 (383:342); 6. Деспина 24 (326:357); 7. Пелистер 14 (345:388, -1 меч); 8. Спартак 14 (315:389); 9. Гевгелија 10 (305:393); 10. Ѓорче Петров 9 (271:392); 11. Овче Поле СУ 6 (289:384); 12. Кузман Вардар Илинден 6 (292:430); 13. Алушовски 4 (325:478);.